Перишиќ искрен: Сонувам за Премиер-лигата, навивачите треба да ме разберат…

Иван Перишиќ повторно ги актуелизираше шпекулациите околу заминувањето од Интер откако призна дека се уште е актуелна неговата желба да заигра во англиската Премиер-лига. Хрватот беше блиску до трансфер во Манчестер јунајтед, истиот во последен момент беше блокиран, но Перишиќ останува на листата на желби на „црвените ѓаволи“.

„Точно е, преговорите беа во завршна фаза, но пресудна беше желбата на Лучијано Спалети да ме задржи во Интер. Решив да останам и не зажалив за тоа, но би лажел кога би рекол дека не планирам да играм надвор од Италија во натамошниот дел од кариерата. Се уште сонувам за настап во Премиер-лигата, а кога тој ден ќе дојде се надевам дека навивачите на Интер ќе ги разберат моите причини“ – изјави Перишиќ.

Во меѓувреме, британските медиуми најавуваат дека Манчестер јунајтед е подготвен за преговори со Интер за веќе во јануари да го донесе Перишиќ во директна размена за Антони Марсијал, доколку Французинот до крајот на годинава не потпише нов договор со „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...