Столе Димитриевски имаше одличен настап на голот на Рајо Валјекано и беше меѓу најзаслужните што неговиот тим славеше над Еибар со 1-0, за прва победа по подолга пауза и зголемување на шансите за опстанок во елитното друштво.
Македонскиот репрезентативен голман повторно доби шанса од првата минута да застане на голот на Рајо и максимално ја оправда довербата, успевајќи да ја сочува својата мрежа незатресена. Само за потсетување, Еибар минатото коло го декласираше Реал Мадрид со 3-0, но вечерва фудбалерите на оваа екипа не успеаја да најдат начин да го совладаат македонскиот интернационалец.
Рајо со оваа победа побегна од дното на табелата и сега има 10 бода, три повеќе од „фенерџијата“ Хуеска. Јасно е дека Димитриевски и соиграчите ќе ги очекува жестока битка за опстанок до крајот на сезоната, но добрата форма на македонскиот голман дефинитивно ќе ги зголеми шансите во оваа борба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА