Македонската кошаркарска репрезентација од вчера во Гевгелија ги реализира финалните подготовки за утрешниот натпревар против Косово од претквалификациската фаза за пласман на ЕП.
Па репрезентативците, стручниот штаб и спортскиот Директор на МКФ, Владимир Темелковски денеска дел од слободното време го искористија за прошетка низ Гевгелија… А, „туристички водичи“ им беа градоначалникот на Гевгелија, Сашко Поцков и претседателот на КК Кожув, Ѓорѓи Гетов. Но, наспроти сето тоа, дали Гевгелија ќе остане запаметена како добар домаќин на македонската кошаркарска репрезентација зависи единствено од резултатот на утрешниот дуел на кој целокупната домашна спортска јавност очекува победа. Ништо друго!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА