Секој сака да игра во полна сала, нека биде така во Гевгелија (фотогалерија)

Македонските кошаркарски репрезентативци на нешто повеќе од 24 часа до дуелот со Косово одржаа уште еден тренинг, во одлична атмосфера со желба серијата победи од стартот на овој претквалификациси циклус да продолжи и на утрешниот дуел во Гевгелија.

Салата се „шминка“ за утрешниот натпревара, а кошаркарите се свесни дека улогата на фаворит не значи ништо доколку не се оправда на самиот терен. Повредата на Младеновски не ја наруши атмосферата, сите во нашиот табор се свесни дека се поседува квалитет за победата над Косово да не биде доведена во прашање, доколку она што се знае се покаже на терен.

А за да нема опуштање неопходна е силна поддршка од трибините, каква што несомнено нашите репрезентативци ќе ја имаат во текот на утрешниот ден, со оглед на информациите дека билетите за неделниот натпревар биле распродадени за помалку од еден час.

 

Се вчитува...