Продолжува победничката низа на Манчестер сити во Премиер лигата. „Граѓаните“ во 14. коло славеа со 3-1 против Бурнмаут иако се мачеа во првото полувреме да го скршат отпорот на гостите.
Силва во 16. минута го донесе Сити до предност, но Вилсон израмни за гостите во 44. минута.
Во второто полувреме погоди Стирлинг во 57. минута за водство од 2-1, а конечните 3-1 ги постави Гундоган во 80. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО
Кристал Палас – Барнли 2-0
Хадерсфилд – Брајтон 1-2
Лестер – Ватфорд 2-0
Манчестер сити – Бурнмаут 3-1
Њукасл – Вест Хем 0-3
Саутемптон – Манчестер ј. (18:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА