Рајн Некар Левен славеше победа на гостувањето во Шведска против Кристијанштад со 27-32 во завршниот натпревар од првата фаза во Лигата на шампионите. Со оваа шеста победа, германскиот тим во чиј состав е Филип Талески, останува во комбинација за горниот дел од табелата во А групата со 12 бода колку што има и Кјелце и со еден бод помалку од Вардар кој се врати на втората позиција.
Освен во првите неколку минути кога домаќините имаа миниимална предност, во остатокот од натпреварот, Рајн Некар Левен го имаше главниот збор на теренот на противникот. На полувремето „лавовите“ имаа водство од 13-18, а на оваа дистанца остнаа и во поголем дел од второто полувреме. Во финишот германскиот тим успеа да ја зголеми предноста и на крај славеше сигурен триумф.
Талески постигна четири гола, а најефикасен во победата на Рајн Некар Левен беше капитенот Анди Шмид со 10 погодоци.
Во првото коло од пролетниот дел, Рајн Некар Левен го пречекува Вардар на 6 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА