Македонија ги дознава противниците во квалификациите за ЕП 2020: Безброј сценарија, една надеж!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 12 часот во Даблин ќе ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство 2020.

Македонија низ Лигата на нациите се избори за место во плеј-офот од Д дивизијата преку која може и да стигне до ЕП, но јасно е дека желбата е што поуспешни и УЕФА квалификации како потврда на се понагласената наша интенција да ја потенцираме најквалитетната генерација во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.

Македонската репрезентација е сместена во петтиот шешир пред денешната ждрепка. Меѓу бројните интересни опции околу изгледот на квалификациската група, можна е и онаа да се најде со репрезентациите од поранешната СФРЈ во која би биле и Хрватска, БиХ, Србија и Црна Гора или Словенија. Но, секако во оптек се многу сценарија.

На извлекувањето денеска во Даблин ќе се најдат 55 репрезентации. Според утврдениот правилник за натпреварување на УЕФА ќе бидат извлечени десет групи од кои пет со по шест екипи и пет со по пет национални селекции.

Македонија во Даблин ќе биде претставувана од делегација предводена од в.д претседателот Мухамед Сејдини а во која се разбира е и селекторот Игор Ангеловски. Веднаш по ждрепката селекторите на репрезентациите од групата треба на заеднички состанок да го утврдат и распоредот на квалификациските натпревари.

РАСПРЕДЕЛБА НА ШЕШИРИТЕ ПРЕД ДЕНЕШНАТА ЖДРЕПКА ВО ДАБЛИН

Се вчитува...