Клоп за „лудата прослава“: Се извинувам, но не можев да се воздржам

Германскиот стратег Јирген Клоп не можеше а да не ја прокоментира „лудата прослава“ на погодокот на Ориги за триумф на Ливерпул против Евертон.

Клоп, по голот во 95. минута, иако натпреварот се уште во тек втрча на сред терен да ја дели радоста со своите фудбалери…

„Се извинувам за тоа, но едноставно не можев да се воздржам. Не знам дали ќе има казна од ФА, но ете тоа беше посилно од мене. Сакам да му се извинам на мојот колега Марко Силва за тој потег, и да им се извинам и на навивачите на Евертон“ – изјави Клоп на прес-конференцијата по средбата.

Се вчитува...