Шифрин со првата супервелеслаломска победа влезе во елитно друштво

Американската скијачка ѕвезда, Михаела Шифрин направи историски подвиг и влезе во избраното друштво на најголемите во скијачкиот спорт откако со првата супервелеслаломска победа во кариерата стана само седмата жена која забележала победи во сите дисциплини на трките од Алпскиот светски куп.

Шифрин триумфираше на велеслаломот во Лејк Луис и за неа ова е 46. победа во кариерата, трета сезонава. Вакво постигнување досега имаат Петра Кронбергер, Пернила Виберг, Јаница Костелиќ, Ања Персон, Линзди Вон и Тина Мазе.

23-годишната Американка е доминантна во Светскиот куп, го брани Големиот кристален глобус од минатата сезона, а во тековното првенство води во генералниот поредок со речиси двојно повеќе бодови од најблиската конкурентка. Шифрин има 489 бода, а Мишел Гисин 251.

Светскиот куп од следниот викенд се враќа на европско тло, скијачките ќе се натпреваруваат во Сент Мориц.

 

 

Се вчитува...