Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ со освојувањето на „Златната топка“ ги обедини сите четири најголеми индивидуални награди во оваа 2018 година, откако стана европски првак со Реал Мадрид, а играше во финалето на Светското првенство во Русија со селекцијата на Хрватска. Тој откри и дека неговиот поранешен тренер во „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, бил „видовит“ и му кажал уште во 2016 година дека тој ќе ја освои наградата на „Франс Фудбал“ во кариерата.
„Кога Зидан дојде на кормилото на Реал Мадрид, во јануари 2016 година, тој ме викна во својата канцеларија и ми кажа дека во мене гледа многу важен играч за тимот. Исто така, ми потенцираше дека имам квалитети за да ја освојам „Златната топка“. Две години подоцна, сонот е исполнет“, откри Лука Модриќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА