„Децата“ на Реал ја прегазија Мелила во Купот на кралот

Откако во првиот меч славеше со 4-0, Реал Мадрид и во реванш пресметката од шеснаесетфиналето од Купот на кралот славеше убедлива победа.

Овој пат „децата“ на Реал на „Сантијаго Бернабеу“ славеа со 6-1. Поведе Реал со голот на Асенсио во 33. минута а две минути подоцна истиот фудбалер зголеми и на 2-0. Во 39. минута „кралевите“ зголемија на 3-0 со погодокот на младиот Хавиер Санчез.

Во второто полувреме феноменален гол за 4-0 постигна Иско, во 75. минута погоди и Винисиус Јуниор а шестиот гол беше дело на Иско во 83. минута. Претходно Мелила запиша почесен гол во 81. минута од средбата.

Се вчитува...