РФМ организира силен младински ракометен турнир

Во рамките на своите програмски определби за стратешки континуиран развој на младинските категории, Ракометната федерација на Македонија во период од 17 до 21  декември 2018 година ќе организира Меѓународен ракометен турнир за  играчи родени 2000-та година и помлади.

На турнирот ќе настапат соодветните репрезентации на Полска, Унгарија, Србија, Црна Гора и Македонија со А и Б селекција на млади играчи предводени од селекторот Данило Брестовац.

Меѓународниот турнир е организиран како дел од подготовките  за претстојното Светско првенство У19  во машка категорија, што ќе се одржи во Скопје од 5 до 18 авхуст 2019 година.

Меѓународниот турнир ќе се одржи во спортската сала Автокоманда. Во првиот меч меѓусебе ќе играат Македонија А и Македонија Б, а влезот за сите натпревари е слободен.

Распоредот на натпреварите:

18.12.2018  

09:30                     Mакедонија A – Mакедонија Б

11:00                     Полска – Црна Гора

12:30                     Унгарија – Србија

17:00                     Mакедонија A – Црна Гора

18:30                     Унгарија – Македонија Б

20:00                     Србија – Полска

19.12.2018

09:30                     Mакедонија Б – Србија

11:00                     Mакедонија A – Полска

12:30                     Црна Гора – Унгарија

17:00                     Mакедонија Б – Црна Гора

18:30                     Mакедонија A – Србија

20:00                     Полска – Унгарија

20.12.2018

09:30                     Србија – Црна Гора

11:00                     Полска – Македонија Б

12:30                     Унгарија – Mакедонија A

 

Се вчитува...