Италијанскиот калчолигаш Милан е во потрага по нов напаѓач кој треба да ја засили конкуренцијата во тимот за вториот дел од сезоната, а новиот извршен директор Иван Газидис ќе „пазари“ од Премиер – лигата. Откако отпадна идејата за враќање на Златан Ибрахимовиќ поради недоволната физичка подготвеност на Швеѓанецот, Милан е фокусиран кон Ливерпул.
Белгискиот интернационалец Дивок Ориги е желбата на Леонардо и на тренерот Џенаро Гатузо. Тој има скромна минутажа во Ливерпул, па иако беше херој и го одлучи „Мерсисајд дербито“ против Евертон речиси сигурно ќе замине на позајмица. Газидис се обидува да го доведе на „Сан Сиро“ во наредните шест месеци, со опција за комплетно откупување на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА