Реал Мадрид дојде до деветтата победа во 11. коло од Евролигата триумфирајќи во извонреден натпревар со 82-84 на гостувањето против Анадолу Ефес.
“Кралевите” на крајот од трите периоди имаа негатива од дури 14 поени, но со феноменална последна четвртина која ја добија со 8-24 дојдоа заслужено до триумфот.
Херој во победата на Реал Мадрид беше Густаво Ајон со 20 постигнати поени, дополнети и со 11 скока, а Љуљ мечот го заврши со 12 поени.
За Анадолу Ефес ова беше трет пораз во Евролигата во единаесеттиот натпревар. Најефикасен во домашниот тим беше Адриен Морман со 19 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА