Микаела Шифрин продолжи со импресивниот старт на сезоната во Светскиот куп откако денеска стигна до нов триумф, овојпат на супервелеслаломската трка што се возеше во Сент Мориц, Швајцарија.
Таа ја мина делницата за време од 1:11.30 минута, откако организаторите беспрекорно ја подготвија патеката по обилните врнежи од снег во текот на вчерашниот ден. Второто место на денешната трка го освои Лара Гут – Бехрами со 28 стотинки послабо време, а третопласирана беше Тина Вејратер од Лихтенштајн, која во претходните две сезони стигнуваше до титулата во Светскиот куп во супевелеслалом.
Денешниот триумф беше вкупно 47. во кариерата за Шифрин, со што таа се искачи на четвртото место на вечната листа на најуспешни скијачки, со осум победи помалку во однос на третопласираната Френи Шнајдер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА