Манчестер слави: Лукаку по осум месеци даде гол на „Олд трафорд“

Цел „Олд трафорд“ попладнево слави, откако Ромелу Лукаку конечно постигна гол на „театарот“ на соништата, прекинувајќи го постот што траеше неверојатни 252 дена.

Последен пат Белгиецот биеше прецизно на домашен натпревар на Јунајтед ланската сезона, поточно на 31 март 2018 година. Оттогаш тој одигра 14 средби и ниту еднаш не се запиша меѓу стрелците, се до финишот од првото полувреме од дуелот со Фулам, кога на асистенција на Мата од непосредна близина зголеми на 3-0.

Мата беше во офсајд при акцијата, но и судиите како да се смилуваа, па Лукаку сепак се израдува на својот прв гол на домашен терен по повеќе од осум месеци пауза.

 

 

Се вчитува...