Охрид беше пресилен за младите „вардарци“

Ракометарите на Охрид очекувано лесно и убедливо славеа на гостувањето против Вардар јуниор со резултат 18-29. Младите „вардарци“ немаа сили да парираат ниту едно полувреме, па охриѓани уште од раната фаза на натпреварот наметнаа силно темпо, со цврста игра во одбраната создадоа одлична предност и на крајот лесно триумфираа.

За немоќта на домашниот тим доволно говори податокот дека во периодот од осмата до 23. минута Вардар јуниор не постигна ниту еден погодок. Охрид со цврста одбрана стигна до убедливи 5-12 на крајот од првото полувреме, по што вториот дел беше само рутина за избраниците на тренерот Андоноски.

Георгиевски и Андоноски со по седум погодоци беа најдобри стрелци во победничкиот тим, шест постигна Блажески, а најефикасен кај Вардар јуниор при денешниот пораз беше Ќосевски со четири гола.

Се вчитува...