Ракометарите на Работник уште еднаш покажаа дека се убедливо најдобар тим во рамките од Супер-лигата, откако попладнево славеа на гостувањето против Струга со убедливи 19-29. Во главна улога беше репрезентативецот Филип Кузмановски, кој одигра одличен натпревар и со десет погодоци беше најзаслужен за оваа победа на „фармацевтите“ од Битола.
Домаќините парираа до средината од првото полувреме кога резултатот гласеше 5-7, за потоа лидерот на табелата да ја преземе контролирата и на одмор да замине со 9-15. Како што одминуваше времето, така предноста на гостинскиот состав растеше, па Работник кон средината на вториот дел стигна и до двоцифрена позитива (14-24), одржувајќи ја ваквата разлика до самиот крај.
Покрај одличниот Кузмановски, во таборот на победничкиот тим се истакна и Ѓукиќ со девет погодоци, додека најефикасен кај Струга на денешниот натпревар беше Дарио Петровски со пет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА