Пролет водеше цел натпревар, а на помалку од десет минути до крајот гостите имаа предност од 17-24 и требаше само рутински да биде преведен мечот со Бутел, а тогаш дојде до инцидент на овој суперлигашки натпревар.
Манасков тргна во напад и беше многу грубо фаулиран од страна на Кристијан Василевски, по што бекот на гостинскиот тим изреагира, а за да не дојде до поголем конфликт меѓу играчите се погрижија неговите тимски колеги. За да биде ситуацијата уште поинтересна, во одбрана на Василевски застана неговиот брат Филип Василевски, кој го носи дресот на Пролет.
За момент се создадe и тензија на трибините, но искусните арбитри Начевски и Николов искусно ја решија ситуацијата, недозволувајќи да дојде до посериозен конфликт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА