Мохамед Салах покрај врвен фудбалер е и голем човек, како што потврди и со својот гест по натпреварот против Бурнемаут што Ливерпул го доби со убедливи 0-4.
Салах постигна хет-трик на оваа средба и беше најзаслужен за победата, но наградата за најдобар играч скромно му ја препушти на Џејмс Милнер, за одбележување на фактот дека англискиот ас го играше својот јубилеен 500. премиерлигашки натпревар во кариерата.
„Нема да ја земам наградата денеска, ова е за Милнер и неговата фантастична кариера. Го заслужи тоа, се надевам дека ќе имаме причина за радост на крајот на сезоната“ – му порача Салах на Милнер, доделувајќи му го признанието.
Џејмс Милнер е само 13. фудбалер во историјата на Премиер-лигата со 500 средби во ова натпреварување. Тој стигна до јубилејната бројка на возраст од 32 години и 338 дена, со што е втор најмлад играч со „петстотка“ зад своето име, зад Герет Бери (32 години и 219 дена).
Salah refuses the Sky man of the match award, giving it back to James Milner to commemortate his 500th Premier League apperance. pic.twitter.com/swucxJEtSF
— Liverpool Family (@lfc_family) December 8, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА