Исклучително тешко е да постигнеш еден гол од слободен удар на натпревар, камоли два на иста средба. Тоа му успеа ланската сезона на Енис Барди, и тоа во исто полувреме против Атлетик Билбао, а вечерва му појде од нога и на Лионел Меси, кој со два прекрасни погодоци го трасираше триумфот на Барса на градското дерби со Еспањол (0-4).
Аргентинскиот генијалец го отвори резултатот со неверојатен удар од околу 25 метри, потоа му асистираше на Дембеле при голот за 0-2, а откако Суарез зголеми на 0-4, повторно Меси ја презеде одговорноста и со нов „проектил“ од слободен удар го матираше домашниот голман.
Барселона со оваа победа има 31 бода, три повеќе од Севилја и Атлетико Мадрид, кои се наоѓаат на делба на втората позиција.
⚽ #Espanyol 0:1 #Barcelona | La Liga | Day 15 | #Messi, 17#EspanyolBarca
via @VideoGoals_HD pic.twitter.com/e7fjDR8UdZ— via @VideoGoals_HD (@kxkskkf) December 8, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА