Вонредното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија во Охрид се одржува без присуството на Давор Шукер, првиот човек на ХНС, кој беше претставник на УЕФА на изминатите собранија, поради тоа што го пропуштил авионот од Загреб во раните утрински часови. На негово место, како претставник од УЕФА е Денис Бастари.
„Сакам да ги поздравам делегатите на Собранието на ФФМ и целокупната македонска фудбалска јавност. УЕФА секогаш се грижи за своите членки и ги помага. Сите ќе добијат по најмногу 14,1 милиони евра ќе добијат за проекти и развивање на младинскиот и женскиот фудбал, како и подобрување на инфаструктурата. УЕФА се грижи за развојот на фудбалот и е задоволна што има одличен партнер за соработка во Фудбалската федерација на Македонија и во имплементацијата на националната фудбалска академија. Се грижиме да се развијат фудбалските капацитети на сите нивоа. Пред една година, претседателот Александар Чеферин беше присутен на свеченото пуштање во употреба на новиот комплекс за најмладите фудбалери од Академијата. Ова е специфичен период за македонскиот фудбал, имаше потешкотии откако се повлече Илчо Ѓорѓиоски, но со ова Вонредно Геренарално Собрание сакате да покажете дека состојбите ќе се нормализираат“, изјави Денис Бастари, претставникот на УЕФА од говорницата во конгресната сала во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА