Со промените во сопствениот Статут, Фудбалската федерација на Македонија го отвори „рингот“ за избор на свој нов претседател.
Согласно најновите измени во Статутот на ФФМ, кои денеска без изгласани во Охрид, кандидат за прв човек ќе може да биде и секој кој не е делегат на Собранието, но кој сепак ќе мора да има база од некој Општински фудбалски сојуз.
Па, „битката“ за најпосакуваната спортска функција во земјава сега и официјално може да почне. Според најавите се очекува новиот претседател да биде избран во првите три месеци од следната година. До тогаш ФФМ ќе биде под водство на актуелниот в.д претседател Муамед Сејдини…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА