Неговите фудбалски квалитети се неспорни, блесна како голем талент уште на 16 години и во кариерата беше член на ПСЖ, Јувентус и на Баерн Минхен. Но, на 22 години веќе има големи проблеми со повредите и размислува за пензионирање. Францускиот интернационалец Кингсли Коман е на добар пат да се опорави од уште една сериозна повреда, но вели дека евентуална следна операција би го приморала и да стави крај на кариерата.
„Не би можел да прифатам уште една операција. Тоа би било премногу. Можеби на моето стапало не му е судено да биде фудбалско. Ако се покаже дека е така, ќе продолжам да живеам некој друг живот, како анонимец, но нема да трпам такви силни болки“, истакна Кингсли Коман.
Французинот како крилен напаѓач постојано е цел на грубите стартови на противничките фудбалери. Баерн Минхен минатата година и дефинитивно го откупи неговиот договор од Јувентус за сума од 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА