Во 19 настапи за Јувентус, Кристијано Роналдо постигна 11 голови, клубот има 11 бода предност пред најблискиот конкурент на врвот од табелата во Серија А, а обезбеди и место во нокут-фазата од Лигата на шампионите. Сето ова беше доволно за Португалецот да даде оценка која во најмала рака е изнанадувачка со оглед дека имаше суперуспешна кариера во Реал Мадрид, а одлични резултати имаше и во Манчстер Јунaјтед.
Во Јувентус, Роналдо ја дели соблекувалната со големи имиња како Дибала, Кјалини и Бонучи.
„Овде сите се скромни и работат многу напорно. Одлично е. Oва е најдобрата група фудбалери со кои сум играл“ – вели 33-годишниот Роналдо.
Додека беше во Реал Mадрид, Роналдо освои четири трофеи во Лигата на шампионите, а соиграчи му беа Лука Mодриќ, Герет Бејл и Серхио Рамос. Во Манчестер каде што менаџер му беше Алекс Фергусон настапуваше со Вејн Руни, Карлос Тевез и Пол Сколс. Но, сето ова не го спречи да го квалификува овој тим на Јувентус како најдобриот во кој настапувал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА