В.д претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски од денеска па до 13. декември ќе учествуваат на третиот ФИФА Самит во Доха, Катар.
На Самитот, кој се одржува по третпат а е во насока на разгледувањето на глобалните проблеми со кои се соочува фудбалската игра и нивно надминување, ќе учествуваат повеќе од 50 национални федерации, членки на ФИФА меѓу кои и Македонија.
Меѓу централните теми на Самитот ќе биде и разгледувањето на можноста за стартување и на Светска лига на нации под капата на ФИФА, евентуалното проширување со бројот на учесници на Светското клупско првенство како и имплементацијата на ВАР системот на сите можни натпреварувачки нивоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА