Барселона се премисли, нема шпански фудбал во Мајами

Натпреварот меѓу Џирона и Барселона кој беше предвидено да биде одигран на крајот од јануари во Мајами сепак ќе си остане на шпанско тло. Барселона соопшти дека го повлекла предлогот за преселба на дуелот бидејќи како што објаснуваат од клубот „немало консензус околу идејата“. Најголеми противници на концептот за одигрување натпревари од шпанското првенство во САД во моментов се фудбалската федерација на Шпанија и Асоцијацијата на фудбалерите.

„Жалиме што ги разочаруваме нашите навивачи во САД и ќе работиме на тоа во најкраток можен рок да организримае првенствен натпревар во оваа земја“ – стои во соопштението од каталонскиот клуб.

Примера потпиша договор со компанијата Релевент според кој во следните 15 години по еден натпревар од шпанскиот шампионат ќе биде игран на територија на САД. Поради блокадата од шпанската федерација, Примера поднесе тужба до судот во Мадрид, а најави и тужба до Арбитражниот спортски суд.

Покрај дозвола од шпанската федерација за одигрување на натпреварот потребна е дозвола и од УЕФА, ФИФА, Фудбалската федерација на САД како и од Конфедерацијата на Северна и Централна Америка и Карибите.

 

Се вчитува...