Исланд со „турбо“ подготовки пред СП во Германија

Ракометната репрезентација на Исланд која е еден од противниците на Македонија на претстојното СП во Германија и Данска, во групата во Минхен, ќе има интензивни подготовките пред настапот на Мундијалот.

Исланѓаните со подготовките стартуваат на 27 декември. Во првата фаза, на 28 и на 30 декември ќе одиграат два контролни натпревари во Исланд. На 2 јануари, репрезентацијата на Исланд патува во Норвешка каде ќе настапи на Гјесидиге Куп на кој ќе одиграат три натпревари со селекциите на Норвешка (3 јануари), со Бразил (5 јануари) и со Холандија (6 јануари).

Селекторот Гудмудур Гудмундсон го објави поширокиот список со 28 играчи од кои 20 ќе останат во комбинација за настап на СП. Составот за СП како што е најавено ќе биде соопштен на прес-конференција на селекторот на 19 декември.

Македoнските ракометари со Исланд ќе играат на 17 јануари, во последниот натпревар од првата фаза на СП. Во групата во Минхен се уште и селекциите на Шпанија, Хрватска, Јапонија и Бахреин.

 

 

Се вчитува...