Мартин Манасков беше меѓу најзаслужните што Пролет славеше на дуелот против Бутел, триумф од исклучителна важност за скопскиот клуб во битката за место во плејофот. Левиот бек со пет гола во првите петнаесетина минути ја најави победата на Пролет, пренесувајќи ја самодовербата кај остатокот на тимот на ова незгодно гостување.
„Не беше планирано да земам толку шутеви од самиот почеток, но така се одвиваше натпреварот, зоната во одбрана на противникот не беше поставена најдобро. Видов простор за шут, влегов во ритам и набрзина постигнав пет гола, со кои одлично го отворивме натпреварот. Апсолутно заслужено победивме во Бутел, а клучен фактор дефинитивно беше мотивацијата. Знаевме што сакаме, одлично се подготвивме на тактички план, а потоа се боревме на теренот за секоја топка, пристап што ни ја донесе оваа значајна победа“ – истакнува Манасков за веб-страницата на РК Пролет.
Екипата на Пролет во последното коло за оваа 2018 година ќе го пречека „фенерџијата“ Борец од Велес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА