Кога Кристијано Роналдо пред неколку месеци и подари свршенички прстен на Георгина Родригез и таа без размислување одговори „Да“ на најважното прашање, се очекуваше наскоро оваа врска да биде крунисана и со луксузна свадба. Португалецот во неколку ситуации во изминатите месеци беше фотографиран пред различни цркви во Торино, медиумите пишуваа дека е многу близу до конечен избор каде ќе биде извршена неговата венчавка, но со денешната изјава Кристијано јасно стави до знаење дека нема планови наскоро да заплови во брачните вози.
„Папараците ме виделе крај црквата и веднаш помислиле дека се подготвува венчавка. Вистината е сосема поинаква, одам во црква бидејќи сум религиозен човек, а за брак се уште не размислувам сериозно. Не знам што ќе се случува во иднината, но засега тоа не е во моите планови“ – истакна Роналдо.
Останува да се види реакцијата на Георгина, чии очекувања наскоро да стане невеста дефинитивно нема да се остварат, барем не во блиска иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА