Интер беше шокиран и со ремито против ПСВ Ајндховен беше елиминиран од Лигата на шампионите. Навивачите на „нероаѕурите“ беа во шок синоќа на „Џузепе Меаца“, а неуспехот многу тешко и падна и на Ванда Нара, сопругата на капитенот Мауро Икарди. Аргентинецот го постигна голот за 1-1 во второто полувреме, но и тоа не беше доволно за да се стигне до осминафиналето од ЛШ. По мечот Ванда лееше крокодилски солзи заедно со својот син, не можејќи да го преболи фијаското на Интер.
Дали разочарувањето на Икарди ќе значи и негово инсистирање за трансфер во Реал Мадрид, тука сигурно ќе решава и Ванда Нара, која истовремено е и агент на својот сопруг, грижејќи се за неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА