Карвахал по дебаклот со порака до помладите: Не го заслужувате дресот на Реал

Реал Мадрид синоќа го доживеа најтешкиот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите во својата историја. Во последното коло од групната фаза загуби од ЦСКА Москва со 3-0.

„Кралскиот клуб“ на терен испрати неколку млади фудбалери што е и една од причините за поразот. Капитенската лента ја носеше Дани Карвахал, па по мечот си доби за право и да испрати сериозни критики за младите фудбалери….

„Пред три недели зборувавме дека младите фудбалери кои потекнуваат од школата на Реал без многу проблеми може да играат во првиот тим. Но, се покажа дека тие не заслужуваат да бидат дел од најдобрите во Реал. Фрустрирани сме поради домашниот пораз. Но, ете има некоја мала утеха поради тоа што завршивме први во групата, и тоа е најважно“ – вели Карвахал.

Се вчитува...