Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави можност Светското првенство во 2022 година во Катар да се игра со 48 репрезентации.
На синоќешниот состанок во рамките на третиот ФИФА Самит во Доха, на кој учествува и делегација на ФФМ, Инфантино информираше дека поголемиот дел членки на ФИФА се за проширување на СП 2022 Претходно, планот беше проширување со број на учесници да има на СП 2026, но можно е сето тоа да се случи во Катар за четири години…
„Може да кажам дека мнозинството национални федерации сакаат да се зголеми бројот на СП 2022 од досегашните 32 за уште 16 репрезентации. Тоа значи 16 селекции плус на СП. Треба да се направат дополнителни анализи и конечната одлука ќе следи во март следната година“ – информираше Инфантино, според кого најголем проблем е како се собере целокупната програма со толкав број учесници во само еден месец.
„Можеби една опција е да се играат натпревари и во соседните земји. Знам дека проблем е што Катар е сега под санкции од останиот арапски свет и тоа е проблем. Разговараме со Катар и ќе видиме што ќе биде од сето тоа“ – истакна Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА