Кошаркарите на Барселона доживеаја катастрофален пораз на гости од лутиот ривал Реал Мадрид од 92-65 во Евролигата.
Дебакл кој, сосема очекувано, тешко го преживеа тренерот на каталонскиот ти, Светислав Пешиќ. По мечот Пешиќ дури 40 минути ги држел во соблекувална играчите, а неговиот вресок долго одекнувал во салата…
„Пешиќ кажа многу позитивни нешта, многу зборуваше за катастрофата која ја доживеавме. Но, мора да останеме позитивни. Знаеме дека е тешко кога ќе доживееш ваков пораз токму од Реал но мора да мислиме веќе на следните натпревари“ – рече Ориола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА