Баерн Минхен го купува Саул Нигез за 150 милиони евра?

Германскиот првак Баерн Минхен лошо ја стартуваше сезоната во Бундес-лигата, но нема така лесно да се откаже од шампионската титула. Баварскиот клуб се подготвува за бурен зимски преоден рок, во кој се очекува да потроши огромни пари. Тренерот Нико Ковач посакува свежа крв во средниот ред, а изборот паднал на шпанскиот репрезентативец Саул Нигез од Атлетико Мадрид. За него, според германските медиуми, Баерн Минхен е подготвен да плати 150 милиони евра.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ веќе ги отпочнал првичните преговори, а во трката е и Манчестер сити. Пеп Гвардиола, кој е поранешен тренер на Баерн Минхен, исто така го посакува Саул во своите редови. Но, тоа нема да биде лесна задача и за најголемите европски гиганти, затоа што Саул Нигез неодамна потпиша нов договор со Атлетико Мадрид до 2026 година.

Се вчитува...