Францускиот интернационалец Осман Дембеле е голем фудбалски талент, но не може да се справи најдобро со предизвиците што ги носи професионалниот фудбал. Тој доби екстремна казна од 200.000 евра поради тоа што задоцни на тренингот на Барселона, а тоа и не му било прв ваков престап. Оправданието на Дембеле беше дека не успеал да се разбуди навреме и да стигне на утринскиот тренинг.
Сепак, во Барселона имаат решение и за овој проблем. За да се осигураат дека тој нема да доцни и на следните тренинзи, Дембеле морал дополнително да потпише необична клаузула во неговиот договор. Има нова ставка, дека неговиот мобилен телефон никогаш нема да биде оставен на нечујно и дека секогаш ќе има обврска да се јави доколку добие повик од клубот. Решението е едноставно, административците од клубот ќе му се јавуваат на Осман Дембеле и ќе го будат секој ден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА