Денвер го доби западното дерби со Оклахома, Портланд го изненади Торонто (ВИДЕО)

Екипата на Денвер го потврди првото место на табелата во Западната конференција триумфирајќи со 109-98 над Оклахода во дербито на вечерта во НБА лигата. Денвер на лидерската позиција на табелата има биланс од 19-9, додека Оклахома е на третото место со ефект од 17-10.

Српскиот центар, Никола Јокиќ со 24 поени беше лидер во триумфот на Денвер. Тој имаше и 15 скока и девет асистенции. Џамал Мареј натпреварот го заврши со 19 поени. Кај Оклахома, најефикасен беше Пол Џорџ со 32 поени, Стивен Адамс постигна 24, а Расел Вестбрук имаше 13 поени и 14 скока.

Второпласираниот тим на Запад, актуелниот шампион, Голден Стејт извлече тесна победа во суперефикасниот дуел против Сакраменто. „Воините“ славеа со 130-125 по неизвесна завршница. Триото Кари-Дурант-Томпсон ја одработе победата за Голден Стејт. Стеф Кари постигна 35 поени, Кевин Дурант 33, а Клеј Томпсон 27. Кај Сакраменто, прв стрелец беше Бади Хилд кој уфрли 27 поени.

Голден Стејт има вкупен скор од 20 поебеди и 10 порази. Сакраменто е на биланс 15-13 што во моментов не е доволно за пласман до осмата позиција.

Портланд се проби на осмата позиција во Западната конференција благодарение на триумфот од 128-122 над најуспешниот тим во лигата Торонто. Портланд дојде до биланс 16-13, додека Торонто со ефект од 23-8 и натаму е неприкосновен на врвот во Истокот, но и вкупно во целата лига.

Демијан Лилард со 24 поени беше најзаслужен за победата на Портланд, Зек Колинс постигна 15, а Сиџеј Меколум 14 поени. Кај Торонто, Каваи Ленард уфрли 28 поени.

Се вчитува...