Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ги нападна Лионел Меси и Кристијано Роналдо за непојавувањето на церемонијата на „Франс Фудбал“, кога тој го доби признанието „Златна топка“. Сите индивидуални награди во 2018 година му припаднаа на Хрватот, а тоа очигледно не им се допадна на двајцата фудбалери кои владееја изминатата деценија.
„Не можам јас да говорам зошто некој не дошол на доделувањето на признанијата, тоа е нивен избор. Но, дека е логично…Не е! Испаѓа дека тие избори и трофеи имаат важност замо кога тие ќе ги добијат. Не е фер тоа ниту кон колегите играчи, ниту кон гласачите кои десет години ги прогласуваа за најдобри, а ниту кон фудбалот и навивачите. Но, секој се однесува како што мисли дека треба“, изјави Лука Модриќ во интервју за „Спортске Новости“.
Лука Модриќ во 2018 година ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид, а со селекцијата на Хрватска стигна до финалето на Светското првенство во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА