Кожув убедлив против Шкупи, славеше со 34 поени разлика

Екипата на Кожув ја прекина лошата резултатска серија во домашното кошаркарско првенство откако во дуелот од 10. коло го победи Шкупи со 121-87.

За четвртиот сезонски триумф, гевгелискиот состав според очекувањата беше доминантен во пресметката со последнопласираниот тим на табелата. Кожув ги доби сите четвртини, најубедлив беше во третиот сегмент.

Никола Караколев со 29 поени беше прв стрелец кај Кожув, Даниел Нацевски постигна 28, а Тодор Божинов имаше 20 поени. Кај Шкупи Здравко Богдановски средбата ја заврши со 26 поени.

Кожув има биланс од четири победи и пет пораз и во моментов пред комплетирањето на коло е на шестата позиција на табелата. Шкупи останува закован на дното и единствената екипа без победа сезонава.

Се вчитува...