Баерн се разигра, настрада Хановер

Германскиот првак Баерн Минхен на убедлив начин славеше на гостувањето против Хановер со 0-4 и најави дека нема лесно да се предаде во трката за шампионската титула во Бундес-лигата. Кимих во втората минута го доведе баварскиот тим во водство, а Алаба зголеми на 0-2 до полувремето. Во вториот дел, во листата на стрелците се запишаа и Серж Гнабри и Роберт Левандовски.

Штутгарт со пресврт стигна до триумф од 2-1 против Херта. Марио Гомез беше творец на триумфот со два гола во второто полувреме, откако Мителштат донесе предност за тимот од Берлин во 38.минута.

Резултати Германија: Аугсбург – Шалке 1-1, Фортуна Диселдорф – Фрајбург 2-0, Хановер – Баерн Минхен 0-4, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах 0-0, Штутгарт – Херта 2-1.

Се вчитува...