Фудбалскиот клуб Партизан се закани дека ќе го напушти првенството на Србија. Незадоволството на „црно-белите“ доаѓа откако клубот мораше да игра по екстремно снежни услови на мечот против Мачва, а ден подоцна беше донесена одлука да бидат одложени останатите натпревари од колото. На снежниот терен, Партизан не можеше да постигне погодок и да стигне до триумф и ремизираше против аутсајдерот Мачва.
По ова, раководството на клубот одржа итна седница на УО и донесе одлука дека ќе го напушти првенството, доколку не биде усвоена жалбата на Партизан за преигрување на овој натпревар. „Црно-белите“ сметаат дека имале несоодветен третман. Интересно е дека дури и вечниот ривал Црвена Звезда застана на страната на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА