Што направи Кристијано: Од слободен удар – право во аут!

Кристијано Роналдо го постигна голот за победа на градското дерби со Јувентус, со што Португалецот се искупи за едно од најголемите промашувања во својата кариера. Се играше раната фаза од мечот кога Пјаниќ од скратен корнер ја поттурна топката до работ на шеснаесетникот, каде на неа натрча Роналдо.

Португалецот низ кариерата дал и бројни голови од ваква позиција, но вечерва дефинитивно се посрамоти откако неговиот удар не само што не одеше кон голот, туку заврши во аут. Како што може да се види, вакво нешто се случува секому, па дури и на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Се вчитува...