Арсенал го доживеа третиот пораз во Премиер – лигата оваа сезона откако загуби со 3-2 на гостувањето против Саутемптон. Скромниот избор на дефанзивци во составот на Унаи Емери на крајот се покажа кобен за „топчиите“. Саутемптон стигна до првата победа под раководство на новиот менаџер Хасенхатл.
Дени Ингс двапати го носеше Саутемптон во водство, Хенрик Мхитарјан успеваше да израмни, а Чарли Остин со голот во 85.минута го реши победникот на овој меч.
Челси успеа да го освои Брајтон славејќи со 1-2. Педро во 17.минута обезбеди предност за Челси, а Еден Азар зголеми на 0-2 во 33.минута. Соломон Марч во 66.минута постигна почесен гол за Брајтон, но домашниот тим немаше сили да стигне до реми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА