Скијачот Марк Гисин го надмина најкритичниот период

Швајцарскиот скијач Марк Гисин е во критична состојба, на интензивна нега, но ситуацијата му е се постабилна, објави Скијачката федерација од неговата земја. Гисин имаше тежок пад на спустот во италијанската Вал Гардена, по што без свест беше пренесен во болница.

Братот на многу пославните скијачки Мишел и Доминик има неколку скршени ребра кои му предизвикале повреди на белите дробови. Има и нешто помалку сериозни повреди на главата. Тој е префрлен на лекување во Швајцарија.

По падот на Гисин трката во Вал Гардена беше во прекин 30 минути.

 

Се вчитува...