Лионел Меси имаше симултанка на дуелот против Леванте, со што аргентинскиот ас стигна до бројката од 14 погодоци оваа сезона во „Ла Лига“. Луис Суарез го отвори резултатот во Валенсија и веќе е на „кота 11“, а интересен е податокот дека Меси и Суарез заедно имаат повеќе голови од речиси сите шпански прволигаши, вклучувајќи ги тука и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
Двата гиганти од шпанскиот главен град важат за главни ривали на Барса, но нападот им функционира очајно во првиот дел од сезоната. Така, сите фудбалери на Реал досега постигнале вкупно 24 погодоци, исто колку и оние на Атлетико, што е за еден помалку од збирот само на Меси и Суарез (Барса севкупно постигна 46 во досегашниот дел од сезоната).
Повеќе голови од Меси и Суарез во шпанската „Ла Лига“ досега имаат само три шпански прволигаши, и тоа Севилја (29), Селта (28) и Леванте (27).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА