Кадетите почнаа со две победи на турнирот во „Автокоманда“

Кадетската репрезентација на Македонија забележа две победи на турнирот што денеска стартуваше во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Младите ракометари првиот натпревар го одиграа утрово против „Б“ селекцијата на Македонија и триумфираа со 25-21, за попладнево да одиграат уште еден дуел, овојпат против Црна Гора, за триумф од 29-25. Репрезентацијата на Македонија „Б“ во својот втор натпревар загуби од Унгарија со убедливи 26-14.

Натпреварите од овој турнир продолжуваат утре наутро, Македонија Б во 9.30 часот ќе се сретне со Србија, додека нашата најдобра кадетска селекција за ривал од 11 часот ќе ја има Полска.

Се вчитува...