Светската фудбалска федерација менува неколку правила во фудбалот, а извесно е и дека ќе биде укинато и едно од најбизарните.
Актуелното правило што наложува дека противнички фудбалер не смее во 16 метри да го пресече исфрлањето на топката при гол-аут ќе биде сменето. Според новото правило на играчите и понатаму ќе им биде забрането да влезат во шеснаесетникот пред голманот да ја исфрли топката. Но, штом голманот ќе ја допре топката, играчите ќе смеат да влезат во 16 метри и да го пресечат додавањето.
Новото правило се тестира на Светското клупско превенство. На истото натпреварување пред две години беше тестирана и видеотехнологијата.
Како што е најавено, ќе има промена на правилата и при замената со тоа што фудбалерот не ќе мора да излезе од игра на центар, туку тоа ќе може да го стори таму каде што му е најблиску, со што би се спречило одолговлекувањето и побрзо би се продолжило со игра.
Ново правиле е и дека играчот со црвен картин задолжително го пропушта следниот натпревар, без разлика за кое натпреварување се работи и под чија ингеренција е тоа.
Предложени нови правила има и за жолт и црвен картон за тренерите, за изведувањето пенали по АБ-БА-АБ-БА-АБ систем, промена на правилата за влегување во казнениот простор при изведувањето на пенал, жив ѕид составен само од играчи од тимот што се брани и уште неколку други новитети.
Новите правила треба да бидат потврдени во март 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА