Болоња на Пипо Инзаги и натаму е во опасната зона на испаѓање во италијанската фудбалска Серија А, но успеа да му одземе бодови на фаворизираниот Милан. Болоња одигра реми без голови со Милан во последниот натпревар од 16.коло и во моментов е со бод помалку од Удинезе на 17. позиција на табелата.
Дуелот донесе и тренерска средба на некогашниот соиграчи од Милан, Инзаги и Гатузо. Пипо по мечот раскажа што си зборувале со Гатузо пред натпреварот.
„Се поздравивме. Повторно стигна да ме удри по грбот. Го прашав: кој не вовлече во оваа работа и што ни требаше ова во животов? – изјави Инзаги.
Големите ѕвезди на италијанскиот фудбал имаат тешки денови во оваа фаза од тренерската кариера. На Гатузо постојано му виси отказ од Милан поради слабите резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА