Борусија Дортмунд го доживеа првиот пораз во Бундес-лигата оваа сезона, но шпанскиот интернационалец Пако Алкасер постави нов рекорд на гостувањето против Фортуна Дизелдорф. Тој постигна десет гола како резервен играч кој влегува во текот на натпреварот.
Алкасер беше стрелец и во поразот (2-1) на „милионерите“ во Дизелдорф. Тој влезе како резерва во 61. минута, а дваесет минути подоцна постигна погодок. Сепак, тоа не беше доволно за неговиот тим да го избегне првиот пораз во шампионатот.
Шпанскиот напаѓач има постигнато вкупно 12 голови во Бундес – лигата оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА