Германскиот првак Баерн Минхен оствари минимален триумф (1-0) на „Алијанц арена“ против Лајпциг и се доближи до лидерот Борусија Дортмунд на шест бода негатива. Баварскиот тим долго се обидуваше да го пробие бункерот на гостите, а тоа му успеа на Франк Рибери во 84.минута од средбата. Во завршницата, Лајпциг остана и со играч помалку поради исклучувањето на Илсанкер. Две минути подоцна беше исклучен и Ренато Санчес од Баерн Минхен.
Баер Леверкузен стигна до победа (1-2) на гости против Шалке 04, со головите на Драговиќ и на Аларио. Интересно е дека останатите три меча завршија со реми.
Резултати Германија: Шалке – Баер Леверкузен 1-2, Баерн Минхен – Лајпциг 1-0, Фрајбург – Хановер 1-1, Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт 2-2, Вердер – Хофенхајм 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА